| четврток, 6 декември 2018 |

Емиратите ќе градат планина за контролирање на времето

ОАЕ сакаат да изградат планина како би можеле да го контролираат времето. Владата на ОАЕ потрошила 400.000 долари за да утврди дали може да донесат повеќе дождови во регионот со изградба на планина. Меѓутоа, поединечни експерти се сепак скептични во поглед на ефикасноста на овој проект којшто се чини повеќе како план за Џејмс Бонд, отколку за решение за сушите со коишто се соочува овој дел од светот.

Оваа мала земја на Арапскиот полуостров може да се пофали со грандиозни проекти за заштита на животната средина, како што се вештачките острови и затворениот рид за скијање.

Меѓутоа, научната цел на оваа планина се уште стои под знакот на прашалникот.

Националниот центар за метеорологија и сеизмолигија во ОАЕ моментално соработува со Универзитетската корпорација за атмосферски истражувања од САД, за првата фаза од планирањето на овој амбициозен проект.

Во меѓувреме, владата на ОАЕ потрошила 400.000 долари како би утврдила дали може да донесат повеќе дождови во регионот ако изградат вештачка планина.

Минатата недела беше откриено дека владата на ОАЕ потрошила 588.000 долари во текот на изминатата година за 186 летови коишто распрскувале калиум-хлорид, натриум-хлорид и магнезиум низ облаците. Ваквиот процес може да предизвика врнежи од дожд.

Сега тие се надеваат дека нешто слично може да направат и со вештачката планина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top