| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете си самите дали ви стои куса коса…

Обично на есен ни доаѓаат идеи за освежување на изгледот. И тогаш, најчесто се одлучуваме за потстрижување на косата. Но, кусата коса не стои совршено на секого. Како да бидете сигурни дека вам ви стои, пре да ја „предадете“ на ножичките.

Потребно ви е – ленир, молив и огледало.

Што треба да направите – Застанете пред огледалото за добро да го видите профилот на своето лице. Ставете го моливот хоризонтално, тој треба да ја допира вашата брада, а потоа вертикално поставете го ленирот под увото. Моливот и ленирот треба да направат точка на која се сечат. Измерете ја оддалеченоста од дното на ушната ресичка до врвот на моливот.

Што барате – Ако оддалеченоста е помала од 6 см (меѓу увото и моливот), кратката коса, на пример, боб фризура, ќе изгледа совршено на вас. Ако оддалеченоста е поголема од 6 см, косата треба да ја оставите малку подолга, на пример, лоб фризура или уште малку подолга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top