Излевањето на нафта од котелот за парно греење предизвика пожар денеска во млекарата „Милком“ во село Ногаевци крај Градско. Огнот избувнал некаде пред 13 часот и среќа што го забележале дел од вработените кои веднаш побарале помош од противпожарната единица од Велес, пишува Дума. мк.
Пламените јазици ја проголтале електричната инсталација, зафатиле дел од покривиот на млекарата, го изгореле хидрофорот за вода и еден панелен ѕид на комората за разладување. Тоа веќе се случило кога пожарникароите стигнале на лице место. Тројца пожарникари, со едно противпожарно возило го гаснеле распламтениот оган цели два часа. Толку време им било потреб но за да се локализира пожарот.
Пожарот предизвика материјална штета која дополнително ќе се утврдува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.