| четврток, 6 декември 2018 |

„Суперхерои“ – симфониски концерт за деца со Македонската филхармонија

Македонската филхармонија со радост го најавува првиот Симфониски концерт за деца во новата сезона под наслов „СУПЕРХЕРОИ“!

На 15 октомври (сабота) во Домот на АРМ со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на маестро Борјан Цанев, за најмладата музичка публика ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени теми од познати авантуристички и научно-фантастични филмови.

Децата ќе имаат можност да ги слушнат ултрапопуларните музички парчиња од светските филмски хитови „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Индијана Џонс“, „Војна на ѕвездите“, „Џемс Бонд“, „Хари Потер“ и „E.T.“.

Приказните за суперхероите, на автентичен начин, ќе ги долови омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.

Ова е уште една незаборавна авантура од циклусот Симфониски концерти за деца кои Македонската филхармонија со посебно внимание ги подготвува, остварувајќи ја мисијата едукативно да делува и кај најмладата публика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top