| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот филм „Шеќерното дете“ поддржан и од Бугарскиот национален филмски центар

Бугарскиот национален филмски центар одобри финансиска поддршка за продукција на македонскиот играно-анимиран долгометражен филм „Шеќерното дете“, во продукција на „Скопје филм студио“.

Филмот е наменет за најмладата публика, со сценарио по мотиви од новелата „Шеќерната приказна“ од Славко Јаневски, во режија на Игор Иванов и продукција на Томи Салковски.

Како што информира „Скопје филм студио“, филмскиот проект „Шеќерното дете“ е финансиски помогнат од потпрограмата на Креaтивна Европа – МЕДИА и има поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, SEE Cinema Network и Српскиот филмски Центар. Скопје филм студио. Малцински копродуцент од Бугарија е Аудиовидео Орфеус.

Филмот е замислен како копродукција помеѓу Македонија и неколку држави од регионот и Европа. Снимањето е планирано за пролет-лето 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top