| четврток, 6 декември 2018 |

Плимните сили на Венера, Земјата и Јупитер влијаат на сончевата активност

Германски научници поставија теорија дека влошувањето на соларната активност што се јавува на секои 11 години, е поврзана за плимните сили на Венера, Земјата и Јупитер.

Резултатите од нивните истражувања се објавени во списанието „Солар физикс“.

Познато е дека соларната активност зависи од магнетното поле на ѕвездите, а за него, од друга страна одговорни се и алфа и омега ефектите.

Прилиниет за природното создавање на алфа ефектите се уште не им се познати на научниците, но германските истражувачи одлучиле да проверат дали на овој процес влијае феноменот што се случува на секои 11,07 години кога Сонцето, Венера, Земјата и Јупитер се во иста линија и во исто време постои и бран на соларни активности.

Пресметките покажаа дека плимните сили на трите планети во целост можат да создадат алфа ефекти.

Плимната сила е споредна последица на силата на тежата која ги причинува плимата и осеката. Се јавува поради тоа што силата на тежата со која едно тело дејствува врз друго не е ремномерно иста насекаде по телото, па поради тоа се добива впечаток дека плимната сила е диференцијална.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top