Честитки за младите фудбалери вечерва упати претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
-Честитки за младите репрезентативци во фудбал до 21 година кои се пласираа на претстојниот Европски мундијал во Полска.
Денеска Македонија е горда на нивниот успех кој донесе моменти на колективна радост. Покажаа на дело како се сака и придонесува за Македонија, покажаа дека трудот и посветеноста не можат, а да не донесат резултати. Тоа се вистинските херои на денешното време кои ја пишуваат историјата.
Создаваат историја и ни даваат пример како да се бориме со поискусни и посилни ривали кога се работи за нашата татковина! Веруваа во себе и во Македонија и успеаа! Само напред!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.