Кумановскиот реге пејач Тајзи на социјалните мрежи постави фотографија од времето во кое го носел репрезентативниот дрес на Македонија, објави Куманово њуз.
Малкумина знаат дека Тајзи бил успешен кошаркар, и младински репрезентативец на Македонија, меѓутоа незгодната повреда го има одалечено од кошаркарските терени. Сигурно ќе ги познаете браќата Стојановски, и центарот на Фени Кирил Николовски. Меѓутоа тука се наоѓаат два актуелни репрезентативци и еден кошаркар на Куманово.
Со број 13 е Марјан Јаневски, број 10 на фотографијата е Никола Караколев а дресот со број 8 го носи Александар Костовски. Тајзи е кошаркарот со број 7.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.