| четврток, 6 декември 2018 |

Дара не простува лесно: На Александра допрва ќе ѝ ја затнам устата

dara-aleksandra-radovic-670x376

По жестоката расправија помеѓу пејачките Дара Бубамара и Александра Радовиќа во шоуто „Ѕвездите на Пинк“, ситуацијата помеѓу двете членки на жирито очигледно не се смирила. Дара се чини дека не ги оставила несогласувањата зад себе, па изјавила дека ќе ја „превоспита“ својата колешка.

Конфликтот започна кога Радовиќ искоментира дека музиката треба да се исчисти од турбо-фолк, по што беше вербално нападната од останатите членови на жирито.

– Допрва ќе ѝ ја затнам устата ако продолжи да ги навредува пејачите од мојата бранша. Скандалозно е како таа се фолира пред целата јавност и се прави дека не слушнала некои песни кои ги знае целиот Балкан. Тука дошла во жири- комисија, да оценува и да кажува мислење, не дошла на семинар – изјавила Дара за Ало.рс, а по овие зборови се чини дека и во следните изданија на шоуто ќе има конфликти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top