| четврток, 6 декември 2018 |

Сонувате да ги посетите, но овие туристички дестинации се измислени

Кога одат во странство, турситите сакаат да посетат атракции во градовите што ги посетуваат, а не ни претпоставуваат дека се работи за места и споменици, кои, всушност, се измилени токму заради нивното доаѓање.

Пиз Глорија, Швајцарија

lazne-destinacije-profimedia-0071032493_1000x0

Познатиот ресторан се користел за снимање на филм за Џејмс Бонд во 1969 година, а за да привлече повеќе гости, го задржал името од филмот. И ден-денес туристи доаѓаат на оваа планина за да се фотографираат на истото место како и Џејмс Бонд.

Заспаната долина, Америка

lazne-destinacije-profimedia-0008833004_1000x0

Се работи за селото Норт Таритаун, но челниците на селото го презеле името по снимањето на филмот „Заспаната Долина“ со Џони Деп. Оттогаш туристи често свраќаат за да се фотографираат со безглавиот јавач, кој се појавува во филмот.

Шангри Ла, Кина

lazne-destinacije-profimedia-0218491633_1000x0

Ова место се среќава во роман на Џејмс Хилтон од 1939 година „Изгубен хоризонт“. Авторот опишува дека тукму тука се наоѓа мистичниот рај, па властите во Кина исто така одлучиле да го преименуваат местото во Шангри Ла. Денес има безброј будистички храмови кои привлекуваат бројни гости

Мостот на реката Квај, Тајланд

lazne-destinacije-profimedia-0263820285_1000x0

Францускиот писател Пјер Бул, кој е автор на романот „Планета на мајмуните“, е автор и на делото „Мост на реката Квај“. Приказната се заснова на мачењето на воените заробеници кои Јапонците ги мачеле за да го направат овој мост. Иако сѐ што е опишано во книгата е измислено, мотивите се инспирирани од мостот над реката Мае Клаунг во Втората светска војна. Наскоро е објавен и филм, што ги натерало властите да го променат името на реката од Мае Клаунг во Квај.

Граничен премин Чарли, Германија

lazne-destinacije-profimedia-0088375302_1000x0

Откако е Германија поделена по Втората светска војна на источна и западна, постоеле американска и руска граница кои ја делеле во Берлин. И додека вистинската граница е размонтирана и префрлена во музеј, набрзи е подигната нова која служи како туристичка атракција.

221B Бејкер стрит, Обединето Кралство

lazne-destinacije-profimedia-0182557533_1000x0

Иако повеќето луѓе знаат дека Херлок Холмс е измислен лик од роман на Артур Конан Дојл, тоа не ги спречува да го посетуваат неговиот наводен дом на улицата Бејкер. Иако броевите се нижат до 100, надлежните во Лондон одлучиле да го уфрлат и бројот 221В за на тој начин да му оддадат почит на фиктивниот јунак.

Дворецот на Дракула, Романија

lazne-destinacije-profimedia-0040360632_1000x0

Овој дворец се врзува за Дракула, иако вистината е инаква. Авторот на романот Брам Стокер, всушност, никогаш не бил во Романија, а токму овој дворец го избрал за дом на Дракула врз основа на истражувања.

Балконот на Јулија, Верона

lazne-destinacije-foto-profimedia-0148159731_1000x0

Кој и да дојде во Верона, право оди да се фотографира пред куќата на Јулија, каде што наводнос е виделе Ромео и Јулија во драмата на Шекспир. Сепак, историчарите откриле дека во тоа време не постоеле балкони, а и самото дејство во драмата е измислено. Како и да е, градот ја искористил ситуацијата и секојдневно привлекува туристи пред куќата на Јулија за да се сликаат на нејзиниот балкон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top