| четврток, 6 декември 2018 |

Ja удирал со клоци и со тупаници – струмичанка заврши претепана на Ургентен

Вчера во СВР Струмица, С.Т. (47) од Струмица пријавила дека истиот ден околу 01.00 часот во стан на ул. „Мајка Тереза“, по претходна расправија, лицето В.В. (42), физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и со клоци по телото, нанесувајќи ѝ повеќе повреди.

Од страна на В.В., истата е пренесена во Медицинскиот центар во Струмица каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите, била препратена на Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top