| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотресите на Балканот не се случајност – се слави светецот чија смрт ја следело разурнување

svetec

Денеска е Св. маченик Калистрат и 49­те негови другари. Овој Калистрат бил од старата Картагина, што се наоѓала на африканскиот брег во денешен Тунис. Роден е во христијанско семејство и воспитан во Христовиот дух. Додека служел војска, некој од војниците го видел како станува ноќе и се моли на Бога, па го поткажал кај заповедникот како христијанин. Овој го затворил, а потоа, откако го изнамачил го фрлил в море. Но, Бог го заштитил и Калистрат излегол од водата неповреден. Гледајќи го неговото трпение при поднесувањето на маките, 49 негови другари ја примиле верата во Христа, заради што биле затворени со Калистрат и продолжиле да ги мачат. Како ниеден од војниците не сакал да се откаже од својата вера, на крајот сите биле погубени.

Легндата вели дека во тој момент  целиот крај го погодил зејомтрес  кој довел до масовно напуштање на паганството и примање на христијанството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top