| четврток, 6 декември 2018 |

Намерно запалена врата од стан на двајца пензионери во Кисела Вода

Ноќва во 01.32 часот во ПС Кисела Вода, Ј.В. (49) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01.10 часот непознат сторител дошол до неговиот стан, во кој живееле Б.Д. (74) и Н.Д.(72), ја полил влезната врата и дел од скалите со непозната запалива течност, ја запалил и заминал во непознат правец.

Со пламенот била зафатена влезната врата која целосно е оштетена и дел од ламинатот во претсобјето, а зачадени се и влезната врата од соседниот стан, ходникот од зградата, прозорците од ходникот и оштетени се дел од скалите на истиот спрат.

Од екипа на БППЗ Скопје, пожарот е изгаснат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top