Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи нов скок на светската ВТА ранг листа. Минатата недела, најдобрата македонска тенисерка беше на 209. место , а оваа недела се најде на 208. позиција. Скокот од едно место и го донесе најдобриот ранг во нејзината кариера во поединечната конкуренција.
Во конкуренцијата на двојки Ѓорческа оваа недела се наоѓа на 145. позиција со напредок од едно место.
Магдалена Стоилковска забележа нов на ранг листата. Минатата недела беше на 1154. место додека оваа недела се најде три места подолу, на 1157. место. Во двојки Стоилковска забележа огромен пад од 13 места па оваа недела се наоѓа на 1076. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.