| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Бугари починале за време на гласање

Двајца избирачи денеска починале за време на гласањето на вонредните парламентарни избори во Бугарија. Во Софија починал 90-годишник, додека во Варна за време на гласањето почина 49-годишник, кој имал здравствени проблеми.

Денеска кај источниот сосед се одржуваат предвремени парламентарни избори. Се бираат 240 пратеници во Народното собрание. Во избирачките списоци впишани се околу 6.8 милиони граѓани, кои можат да гласаат на 11.700 избирачки места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top