| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларен грабеж – од златарница во Тирана однесен накит вреден половина милион евра

%d0%bd%d0%b0%d0%ba%d0%b8%d1%82

Спектакуларен грабеж се случи во Тирана во кој од златарница крадците заминале со плен вреден над половина милион евра.

Крадците исползувале објект кој се реставрирал, урнале дел од ѕидот кој бил заеднички со златарницата, влегле внатре и ја ограбиле. Успеале да го исклучат и алармот. ­ Од златарницата украдени се 10 килограми златен, 25 килограми сребрен накит, како и скапи рачни часовниџи,чија вредност достигнува над 500 илјади евра.Начинот на кражба е идентичен како и грабежот од пред два месеца во банката во Тирана.

При бегството крадците со себе ја земале и безбедносната камера и хард дискот. Истата златарница ограбена е пред три месеци и како што вели нејзиниот сопственик Павло Шкарпа крадците не се откриени. За разлика од првиот грабеж, сега стоката била осигурана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top