| четврток, 6 декември 2018 |

Пирс Бронснан денеска стигнува во Белград

Поранешниот Џејмс Бонд и девојката на агентот 007, Олга Кириленко, ќе го снимаат трилерот „Ноемвриски луѓе“ во Србија и Црна Гора. Броснан денеска стигнува во Белград каде во текот на мај и јуни ќе со снима филмот.

-Се подготвувам за пат во Србија каде ќе снимам шпиунски трилер кој јас го продуцирам. Се враќам во арената бидејќи сметам дека има место за уште еден таен агент. Даниел Крег не може сите да ги игра, изјавил за „Дејли експрес’ во Лондон популарниот актер.

Снимањето на филмот почнува на 20 мај во Црна Гора, каде екипата ќе работи четири дена, а потоа ќе се врата во Србија каде ќе се снима остатокот од материјалите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top