| четврток, 6 декември 2018 |

Од ракување до скандал: Едната ја направија маж, другата без работа

Невино ракување меѓу германската министерка за животна средина Барбара Хендрикс и потпретседателката на Иран Масумех Ебтекар предизвика бурно незадоволство во иранските медиуми и социјални мрежи, кои помислиле дека кусо потстрижената министерка е маж, објави ДПА.

Државната иранска телевизија ИРИБ објави кадри од средбата на Хендрикс и Ебтекар во Берлин, при што двете жени си подаваат рака. Со кратката фризура, кошула и темно сако, германската министерка им изгледала на иранските гледачи како маж, а ракување со мажи надвор семејниот круг е строго табу за муслиманките во Иран. Такво нешто би можело да ја чини функција Ебтекар, која е и шеф на иранската агенција за заштита на животната средина.

Според иранската новинска агенција Тасним за забуната придонеле репортажата и кадрите, објавени од ИРИБ.

Студиото на државната телевизија во Берлин информира дека во репортажа не се вели дека иранската вицепретседателка се ракувала со маж и тоа не носи одговорност за погрешните толкувања на кадрите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top