| четврток, 6 декември 2018 |

Нов потрес ноќва – земјотрес почувствуван во Гевгелија и Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 08.10.2016 год., регистрира земјотрес од соседна Р. Грција.

Овој земјотрес се случи во 02 часот и 33 минути, со Рихтерова локална магнитуда 4.0. Истиот беше почувствуван во Гевгелија, Струмица и околината со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top