Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на балканската ѕвезда Цеца, стана екслузивно заштитно лице на еден производител на бунди и како што пренесуваат српските медиуми, за тоа ангажман добила 20 илјади евра.
– Анастасија одамна е во светот на модата, ги следи трендовите, неа ја следат многу тинејџерки, а почнаа да ја забележуваат и светски марки. Понудата за првата озбилна работа, па уште за бундите кои таа ги обожава, навистина ја изненади и е пресреќна. А, ни парите не се лоши – низ смеа раскажал нејзин пријател.
Ќерката на Цеца вчера во претседателскиот апартман на еден хотел ја снимила првата фотосесија за кампањата.
– Mислам дека одлично се покажав како модел. Мама ме поддржа и во ова, како и во секоја моја одлука. Не знам дали ќе продолжам да се занимавам со ова, но засега сум презадволна – изјавила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.