| четврток, 6 декември 2018 |

Ваква ни треба: Паметна маица вибрира при лошо држење на телото

Холандската модна дизајнерка Паулина ван Донген дизајнираше паметна маица која вибрира во случај на лошо држење на телото.

Оваа маица „ FysioPal” е дизајнирана со цел да се поправи лошото држење на горниот дел на телото, и да ја предупреди личноста која ја носи дека е згрбавена.

Дизајнерката Донген паметната маица ја направила во соработка со компанијата „Елитак“ која произведува екрани на допир,  маичката „ FysioPal“ во себе содржи сензори кои податоците ги испраќаат на мобилна апликација.

Маицата која е планирано да се носи како поткошула ги мери позициите на вратот, рамената и грбот. Овие мерки потоа ги испраќа на апликација која податоците ги визуализира и го оценува држењето на телото на личноста што ја носи маицата.

Доколку маицата забележи некаква неприродна згрбавеност лесно вибрира со што и испраќа сигнал на личноста дека треба да го смени начинот на кој седи или стои.

Сензорите на маицата инаку се вметнати во текстилот, што ја прави удобна за носење, а и лесна за одржување бидејќи може да се пере во машина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top