| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите ги запуштиле четирите деца, бабата ги пријавила в полиција

Педесет и петгодишна жителка на гостиварското село Долна Бањица ги пријавила в полиција синот и снаата за запуштање на четирите деца.

Според СВР Тетово, во полициската станица Гостивар, утрово С.Ш. (55) пријавила дека нејзиниот син и снаата целосно ги запуштиле четирите малолетни деца и не се интересирале за нив. Жената, изминатите шест месеци сама за грижела за внуците.

– Синот и снаата не живееле заедно, но не биле судски разведени, така што секојдневната грижа за децата била исклучиво на бабата. По пријавата, се превземаат мерки и активности за расчистување на пријавеното, а против родителите на малолетните деца ќе следува законски предвидениот поднесок – изјави Марјан Јосифоски портпарол ан СВР Тетово.

Годинава, посочи тој, на гостиварските и на тетовските простори ова е прв случај што е пријавен во СВР Тетово.

Запуштање и малтретирање на малолетни лица претставува кривично дело, за кое во членот 201 од Кривичниот законик на Република Македонија, предвидена е затворска казна од најмалку пет години. Зависно од крајните последици на запуштањето, затворската казна може да биде уште поголема и да достигне до 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top