Веројатно сте ја слушнале изреката – Едно јаболко на ден и доктор не ви е потребен.
Сепак, при драстична промена на температурата како што имаме деновиве, потребни ви се повеќе нутриенти кои ќе ви го зајакнат имунитетот.
Со цел да ги избегнете настинките, растечениот нос и посетата на лекари, ви препорачуваме 9 видови храна кои ќе се погрижат да останете витални и здрави во студената сезона:
Јогурт
Пробиотиците помагаат во одржување на здравата цревна флора и доволни се само 200 мл. дневно за чист дигестивен тракт, без ризикот од напад на вируси и штетни бактерии.
Овес и јачмен
Содржат бетаглукан, најмоќниот имуностимулатор од природно потекло. Го зајакнуваат имунитетот, го забрзуваат процесот на зараснување на рани и помагаат антибиотиците да делуваат поделотворно, доколку веќе морате да ги пиете.
Лук
Помага против инфекции и бактерии. Во истражување со 146 учесници на кои им биле дадени плацебо или екстракт од лук во период од 12 недели, 2/3 од оние кои земале лук не „закачиле” настинка за разлика од останатите. Оние пак кои јадат повеќе од 6 лукчиња неделно имаат 50% помали шанса за добивање рак на стомакот.
Школки
Богати со селен, школките им помагаат на белите крвни клетки да произведуваат цитокини – вид на протеини кои му помагаат на телото да се исчисти од вирусните настинки.
Лососот, скушата и харингата се исто така богати со омега3 масни киселини, кои имаат способност за намалување на воспалувањата и штитење на белите дробови од настинки и респираторни инфекции.
Пилешка супа
Додадете малку кромид и лук во вашата пилешка супа за зголемување на имунитетот. Домашно зготвената супа го блокира движењето на воспалените бели клетки, бидејќи симптомите на настинка всушност доаѓаат како одговор на нивната акумулација во бронхиите. Аминокиселината цистеин се ослободува од пилешкото во текот на готвењето, која хемиски наликува на лекот ацетилцистеин, кој при воспаление на дишните патишта ја смалува густината на секретот и го олеснува искашлувањето.
Чај
Истражување покажало дека луѓето кои пиеле по 5 чаши црн чај дневно во текот на 2 недели, имале 10 пати поголема способност за блокирање на вирусите во крвта од останатите.
Аминокиселината одговорна за оваа реакција е Лтеанин, која ја има во изобилство во црниот и зелениот чај, како и во безкофеинските варијанти на овие чаеви.
Говедско месо
Богато со цинк, говедското месо ќе ви ја обезбеди дневната доза од овој потребен минерал, кој е особено важен за создавање на многу хормони, меѓу кои и хормони кои му укажуваат на имунолошкиот систем како да се бори при напад на бактерии и вируси.
Слатки компири
Кога зборуваме за имунитет, веројатно кожата како орган не ви паѓа на памет, но како најважен и најголем орган кој го покрива нашето тело, тој е во првата одбранбена линија при нападот на вируси и бактерии. За да биде силна и здрава, на кожата ѝ е потребна доволна количина од витаминот А, а најдобар начин природно да го внесете овој нутриент во телото е преку храна која содржи бетакаротен, во случајов – во слатките компири кои изобилуваат со овие хранливи состојки.
Печурки
Печурките го зголемуваат производството и активноста на белите крвни клетки, правејќи ги поагресивни. Ова е одлично сценарио во моментите кога се борите со некаква инфекција. 30 гр. печурки дневно, со особен акцент на шитаке или реиши печурките се доволни за зајакнување на имунитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.