
Повратникот во репрезентацијата Адис Јаховиќ беше вистински трагичар на вчерашниот меч со Израел, откако не успеа да реализира пенал во 93-тата минута и да го израмни резултатот.
По фаулот во израелскиот шеснаесетник врз напаѓачот Илија Несторовски, судијата покажа на белата точка, но иако првично Ферхан Хасани се упати да го иведе пеналот, сепак на крајот Адис Јаховиќ ја зеде топката и шутираше, за жал неуспешно.
Селекторот Игор Ангеловски по мечот се огласи и рече дека самиот инсистирал Несторовски да не го шутира пеналот, затоа што врз него беше направен истиот.
– Јас одлучив да шутира Јаховиќ. Во животот имам правило да не шутира фудбалерот врз кого е направен пеналот. Јаховиќ ми се виде најподготвен во моментов и врз него падна одговорноста. Не обвинувам никого, рече Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
Прегратка за добредојде: Македонскиот напаѓач го пречека Ето во Коњаспор (видео)
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот


