| четврток, 6 декември 2018 |

Дете прегазено на патот Скопје-Тетово

soobrakajnaДесет годишно дете утрово загина во сообраќајна несреќа. Тоа било прегазено со автомобил на регионалниот пат Скопје – Тетово. Според МВР, А.Р (52) од селото Буковиќ управувајќи возило марка Голф удрил во 10 годишниот Нури Џ. од селото Анкарија. Нури се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен во поликлиниката Ѓорче Петров. Но по пат, им подлегнал на повредите.

Од МВР информираат дека телото на детеето е предадено на обдукција, а полицијата извршила увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top