За вашето патување низ Стариот континент да ви помине најдобро што може, важно е да не ги правите следните грешки.
Не им верувајте многу на кредитните картички
Секако дека со нив ќе можете да плаќате во бројни продавници и ресторанти, а истото ќе можете да го направите и во кафетериите или продавниците за сувенири. Сепак, најдобро е секогаш со вас да носите готовина, по што работите ќе станат многу поедноставни.
Внимавајте како се облекувате
Секако, како туристи вие сте секаде опуштени, можете да носите на себе што сакате, но сепак треба да внимавате на пример како сте облечени кога влегувате во некоја црква во Италија. Затоа, секогаш е добро со себе да носите фармерки, или пак некоја маица со долги ракави.
Првата организирана тура која што ќе ја видите
Ова е почетничка грешка. Доколку сте се одлучиле да разгледувате град, без разлика дали ќе одите пешки или со туристички автобус, добро разгледајте ги сите понуди. Во сите градови има најразлични Hop-On-Hop-Off автобуси кои што нудат одлични услуги, па најдобро е добро да се распрашате.
Не очекувајте бесплатна вода
На многу места веројатно ќе добиете бесплатна вода, но не треба да бидете изненадени доколку на сметката најдете дека ви била наплатена водата која што сте ја порачале, па дури и да била во чаша.
Без познавање на јазик…
Дури и во случај да знаете англиски јазик, потрудете се да научите барем по некој збор како на пример, благодарам, ве молам, добар ден во земјата која што ја посетувате. На тој начин ќе покажете почит кон домаќините и тоа може многу да ви користи во некои ситуации.
Носење на преголем куфер
Пред да започнете со патувањето размислете добро, дали ви треба голем куфер? Обидете се да се спакувате во што е можно помала торба, а доколку вашето патување не е многу долго, најдобра опција ви е ранецот. Бидете рационални, за неколку дена не ви требаат многу парчиња облека, а „влечењето“ на големиот куфер е доста заморно.
Не доцните…
Во ред, доколку сте во Германија или пак во некоја од скандинавските земји, верувајте, автобусот или возот ќе пристигнат точно на време, па обидете се да не доцните. Сепак, не се нервирајте ако превозните средства доцнат во држави како што се Шпанија и Италија. Таму не е ништо чудно доколку возот задоцни „некоја минута“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.