Нина Рагуса мина пет години патувајќи низ светот и научи неколку совети за парите, што можат да ви бидат од корист доколку сакате да одите на кратко патување или пак да живеете, како таа, со номадскиот начин на живот.
-Пет години патував и живеев во различни земји низ светот. Мојот живот звучи како еден долг одмор, зарем не? Е, па не е така.
Што и да правиме во животот, заработувањето пари секогаш ќе биде дел од тоа. Откако го променив начинот на живот и пронаоѓав алтернативни начини да заработам пари, собрав неколку корисни совети.
-Постојат многу работи кои воопшто не Ви се потребни. Сите имаме желба за фенси шампони од коса на еднорог и вилинска прашина, третото кафе од Старбакс (кое и не е нешто) или новот ајфон 7 – но тие не се и наша потреба. Луѓето зборуваат дека сакаат повеќе да патуваат, но никогаш ништо не преземаат во врска со тоа. Престанете да купувате работи и почнете да купувате искуство, објаснува таа.
-Не велам дека треба да се откажете од се, само пронајдете неколку работи без кои можете да живеете и ќе видите дека парите ќе Ви остануваат.
-Научив да живеам без повеќе работи – не купувам фенси шампони, ниту козметика, а кафе варам сама. И можам да кажам дека животот ми е поубав без тоа. Искуствата кои ги доживеав на различни патувања за мене се непроценливи.
-Пред да отпатувате во некоја држава, распрашајте се за цените, колку пари би биле потребни за еден ден и така натаму. На пример, прашајте го персоналот во хотелот колку чини такси од хотел до месото на кое сакате да одите, за да одбегнете измами од таксистите.
– Патувајте на места кои можете да си ги дозволите. Нема смисол да се оди во Париз ако не можете финансикси да си го дозволите тоа и да уживате во него. Не е важна дестинацијата, туку искуството, различна култура и нови луѓе.
-Бидете географски паметни. Имате само една недела одмор, а сакате да патувате некаде каде во пат ќе загубите три дена. Подобро најдете поблиска дестинација и искористете го паметно и квалитено времето.
– На патувањето имајте база. Ако сакате да посетите повеќе места за кратко време, посетете го регионот и околината на градот каде што се наоѓате, немојте цел одмор да го поминете во еден град. Тој нека Ви биде база, место каде што ќе спиете откако ќе се вратите од прошетката. Поевтино е отколку следната година да допатувате во градот, затоа што не стигнавме да го посетите, а и билетот сигурно е поевтин, отколу патот од вашата земја.
– Секогаш да се знае дневниот буџет што сакате да го потрошите. Понекогаш е тешко да се држите до него, но обидете се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колку месеци пред да ви истече пасошот може да патувате во странство?
-
Важна информација за сите кои планираат патување во Грција
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?