| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ се потсмевала на кралицата – омилената војвотка во големи проблеми

vojvotka

Омилената британска војвотка Кејт Мидлтон овие денови е во големи проблеми. Имено, војвотката од Кембриџ и нејзината сестра Пипа се новите жртви на хакерски напади.

Непознат хакер украл приватни информации и фотографии на Пипа Мидлтон, а тие вклучуваат и разговори со сестрата Кејт Мидлтон, кои би можеле да ја загрозат нејзината добра репутација во британската јавност.

Војвотката е исплашена дека хакерот има пристап до нејзините шифри, е-пошта и пораки кои ѝ ги испраќала на сестра си, па и дека тие податоци би можеле да разоткријат бројни тајни на кралското семејство.

-Многу е загрижена и константно размислува за тоа што рекла и кои фотографии ѝ ги праќала на Пипа. Со години ја градеше добрата репутација и стекнуваше доверба кај кралското семејство, а сега сѐ би можело да биде уништено – открил извор за магазинот „Лајф енд стајл“.

Освен семејните фотографии на кои е со сопругот и децата, Кејт е загрижена поради своите коментари за членовите на кралското семејство.

– Таа и Пипа се шегуваа на сметка на членовите на кралското семсјетво, вклучувајќи ја и кралицата. Ако тие коментари се извлечат од контекст, би можела да биде во големи проблеми – открива изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top