Иако добро се знае дека членовите на кралското семејство, никогаш, посебно во јавност, не го изразуваат своето политичко мислење и став, Меган Маркл тоа никако да го научи.
Војвотката од Сасекс, Меган се најде случајно, или не, во средиште на дебатата околу тоа дали требало или не да го каже своето политичко мислење за време на официјалната посета на Ирска. Имено 36 годишната Меган Маркл, која од секогаш била горда на своите феминистички ставови, за време на посетата се вплеткала во разговор со сенаторка од Даблин.
И сето тоа можеби не би имало таков оддек во медиумите, доколку Кетрин Нун со тоа не се пофалила на Твитер, откривајќи дека Меган се сложила со резултатите на неодамна одржаниот реферндум за легализација на абортусот.
Икао брзо после тоа ја избришала пораката и рекла дека всушност станува збор за бениген разговор, во кој Меган не го кажала својот политички став, иако тоа не било така. Во првобитниот твит стоело:
-Беше вистинско задоволство да се запознае принцот Хари и војвотката од Сасекс во резиденцијата на британаската амбасада. Војвотката и јас разговаравме за резултатите на неодамна завршениот референдум, кој таа го следела и на крајот била задоволна со резултатите!
Со оглед на тоа дека по објавата Кетрин добила неколку коментари со кои се нагласило дека Меган изразувајќи го своеото политичко мислење и став, всушност го прекршила кралскиот протокол, Кетрин Нун го избришала твитот, по што напишала дека било вистинско задоволство да се запознае војтовката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.