Вчера околу 12,00 часот во СВР-Битола, К.Ш. (51) од Ресен, пријавил дека од изнајмен сеф во Комерцијална банка филијала-Битола, му недостигаат 129.400 швајцарски франци.
Последен пат сефот го отворил на 5 август годинава. При извршениот увид во сефот во присуство на оштетениот, службени лица од Комерцијална банка, биле пронајдени 70.600 франци и 250.000 денари за кои К.Ш. тврди дека не биле негови.
Со стореното дело непознатиот сторителот се здобил со противправна имотна корист во вредност од околу 7.246.400 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.