Првиот сертификат во Македонија за Еразмус+ „Повелбата за мобилност за стручно образование и обука“ денеска беше доделен на училиштето АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје.
Повелбата денеска ја врачи директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров на директорката на АСУЦ „Боро Петрушевски“ Соња Ристовска.
Како што се наведува во соопштението на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност училиштето АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје ги исполни сите критеруми и стандарди и успешно аплицираше за европската Повелба, со чие стекнување се овозможува да се аплицира на поедноставен начин за проекти од Еразмус+ програмата и клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени почнувајќи од 2017 година.
Со воведувањето на Повелбата во Македонија сите лица инволвирани во стручното образование и обука добиваат унифицирано признание на европско ниво по однос на градење на капацитетите за организирање квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст