| четврток, 6 декември 2018 |

Доделен првиот сертификат за Еразмус+ „Повелба за мобилност во Македонија“

untitledkakvasiktakvasum

Првиот сертификат во Македонија за Еразмус+ „Повелбата за мобилност за стручно образование и обука“ денеска беше доделен на училиштето АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје.

Повелбата денеска ја врачи директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров на директорката на АСУЦ „Боро Петрушевски“ Соња Ристовска.

Како што се наведува во соопштението на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност училиштето АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје ги исполни сите критеруми и стандарди и успешно аплицираше за европската Повелба, со чие стекнување се овозможува да се аплицира на поедноставен начин за проекти од  Еразмус+ програмата и клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени почнувајќи од 2017 година.

Со воведувањето на Повелбата во Македонија сите лица инволвирани во стручното образование и обука добиваат унифицирано признание на европско ниво по однос на градење на капацитетите за организирање квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top