Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, 7 октомври 2016 година, ќе читате:
Интервју, Оливер Андонов, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи
Ќе го заштитам МВР од манипулациите на Спасовски
Спасовски може да води каква што сака кампања и може да биде шизофреничен во својот однос, еднаш да биде министер, а друг пат да биде генерален секретар на СДСМ, но тоа е негова работа и тоа е политичката активност што ја има. Во таа политичка активност, тој има однос само со мене и тоа јавно го кажувам бидејќи јас во МВР не дојдов за да се скријам зад професионалните службеници во МВР, туку да застанам пред нив и да ги заштитам во однос на манипулациите што ќе се обиде Спасовски да ги прави и кои ги видовме веќе на 29 септември. Затоа велам, јас стојам и пред сите, и сѐ што има Спасовски да каже треба да ми го каже на мене и да биде насочено кон мене. Тие ситни игри што ги прави по однос на преместувањето, по однос на лични ветувања на некои луѓе, тоа е негов личен став и став на неговата партија по однос на врбување луѓе, што во моментов не може да се реализира и ќе биде прекршување на законот и нема да има правно дејство, вели дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов во интервју за Република.
СДСМ го минира Пржино
Место решение, Катица станува извор на криза
Влегувајќи од грешка во грешка, место решение, Катица станува повод за продолжување на кризата. Два месеца до избори, кога конечни власта и опозицијата заедно со дипломатите писмено потврдија дека се исполнети сите услови за предвремени парламентарни избори, Јанева инсистира на нови законски измени и на нови рокови за оправдување на сопствената некадарност. За потсетување, лани, кога ја презеде функцијата, таа рече дека е свесна за предизвикот и дека е способна да испорача резултати во предвидените рокови. Дури се дрзна да избрка од тимот две обвинителки со образложение дека биле вишок, односно дека Обвинителството можело квалитетно да ја заврши работата и без нив. Лоша процена или евтини лаги?
Заев има нов „План за Македонија“
Реваншизам, двојазичност и целосна партизација
Ако победи, СДСМ има нов „План за Македонија“. Што би помислиле кога некој би ви го кажал ова? Најверојатно дека детално ја испланирале двојазичноста, реотворањето на Рамковниот договор, реваншизмот и илјадниците смени во сите можни институции и дека извежбале нов начин на виткање „кичма“ за промена на името за влез во ЕУ и во НАТО. А тоа да ти била кампањата (70 дена пред избори и пораз), обелоденета на конгресот на СДСМ од кој најпоучната вест беше дека Павле Тајанов и неговиот Демократски сојуз биле десница?! Ова, покрај доаѓањето на Црвенковски, беше вест на денот, но и Павле, како и Зоран, остана засенет од доаѓањето на Бранко.
Колумна, Горан Момироски
Кога агенциите ќе стивнат
Македонија е една од ретките земји во светот каде што институтот за истражување на јавното мислење е до таа мера руиниран што почнаа да го избегнуваат и партиите и агенциите, кои по природа на нештата треба да го нарачуваат, спроведуваат и објавуваат. По катастрофалните мерења на рејтингот на партиите во 2011 година кога, пред сѐ, дел од пропозициските институти, маркетиншките агенции, екипите за мерење рејтинг целосно ги утнаа резултатите од гласањето на граѓаните и целосно се посрамотија, останаа само уште неколку „храбри“ истражувачи на јавното мислење кои јавно стојат зад својата работа. Причината за таквата ситуација е едноставна. Преголемото политичко влијание и кроењето на резултатите ја уништија довербата во таквите истражувања. Точно е дека секаде во светот со оваа алатка може да се прави ситна манипулација, односно со „освежување“ на резултатите да се стимулираат, да се охрабрат гласачите пред изборите, но кога тоа се прави надвор од најголемата можна статистичка грешка, резултатот е катастрофален и за агенциите и за политичките субјекти што го прават тоа.
Колумна, Никола Србов
Киднапирање на СДСМ или враќање на старите вредности?
Настрана тривијалните конгресни фрази на лидерот, јубилејниов конгрес на СДСМ кај мене отвори дилема која ќе се обидам да си ја разјаснам во продолжение. Дилемата ми е дали партијата е целосно киднапирана или е вратена на нејзините стари вредности, вредности востановени пред седумдесет и една година, поточно на 16.04.1945 година? На конгресот мене највпечатлив ми беше симболот-логото наменето за настанот на Заев, од таму, всушност, ми произлегува дилемата. Симболот на СДСМ е жолта петокрака со црвена роза, која последните години ја модифицираа и вметнаа стисната тупаница. На конгресот симболот на СДСМ беше обвиен со неколку поголеми петокраки и тие беа шарени. Од партијата соопштија дека тоа било во чест на „Шарената револуција“. Оттука произлегува и прашањето кој кого контролира. Дали СДСМ и де факто стана марионета во рацете на „Шарената револуција“, која е една од многуте инсталации на Сорос? Дали „шарените револуционери“ ја киднапираа партијата од членството на СДСМ?
Колумна, Ацо Станковски
Маска
Маската секогаш е дел од хтонските стратегии на луѓето, посебно на оние кои ја применуваат хипокризијата како средство за одредени опортунистички дејности. Речиси не постои личност што е имуна на шизофрените состојби, кои ги наметнува современиот живот со сите свои предизвици и закани. Маската е заштита, таа е економичен агенс во општеството, кое секогаш демне и, доколку сте премногу отворени и самото тоа наивни, набрзо ќе завршите како плен на мноштвото добро маскирани предатори, кои демнат од секаде, од сите скриени зони на заедницата.
Колку сте, пак, погоре во пирамидално структурираната хиерархија на моќ и значење во општеството, толку маските стануваат пософистицирани и посложени. Ако сте човек со одреден авторитет, кој зрачи со политичка харизма, произлезена од позицијата во системот, тогаш мора да се изгради една многу уверлива маска, која ќе ги покрие сите недостатоци на карактерот, кои може да ве искомпромитираат и да ве фрлат во ужасот на безначајноста и ирелевантноста, но претходно да ве демаскираат, деконструираат и масакрираат.
Фељтон: Црните страници на УДБА
Елиминацијата на ВМРО по 1945 година
„Црните страници на УДБА“ е сведоштво за едно време, бурно време. Период во кој била супресирана каква било мисла што излегувала надвор од „дозволеното“ мислење на номенклатурата на власт. Дали се работело за политичко несогласување на лево, или за тоа како се практикувала тогашната идеологија на КПЈ или, многу почесто за чиста македонска промисла, сеедно, сите биле цел. И најголем дел од нив имале формирани досиеја од тајната југословенска/македонска полиција. Од тие досиеја подоцна се ваделе материјали за прогон, кој завршувал со политичка, а често и со физичка ликвидација. Воопшто не било благопријатно да се биде неистомисленик.
Оваа табу-тема се отвори по демократизацијата на Македонија, односно по напуштањето на Југославија. Во деведесеттите години на минатиот век сè погласно се говореше за злосторствата на УДБА кон македонската промисла. Но, немаше поконкретна акција. Сè уште беа силни институционалните вклештувања насекаде, кои ги беше развил апаратусот во период подолг од четири децении.
Двоглед
СЈО го отвори случајот „Тегла“
Специјалната Јанева денеска соопшти дека СЈО ја отвора истрагата во случајот „Тегла“, кој, како и сите случаи досега, е насловен со збор кој започнува на омилената буква на Јанева, Т.
„Конечно ќе се, ќе се дознае конечно како овие лица најбрутално ги злоу.. злоупотре.. злоупотре-бу-ва-ле значи своите роднински врски за да остварат лична придобивка во вид на ајвар во тегли и значи да јадат и никому да не дадат од ајварот, значи“, изјави Јанева. „Сите пиперки кои ги печеле со цел противпраааавно да се придобијат со ајвар, исто така, и задушувале граѓани и значи за душевна болка значи треба да одговараат функционерите на власта значи“, додаде таа.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст