| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, 7 октомври 2016 година, ќе читате:

naslovna_republika-br214_520px

Интервју, Оливер Андонов, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи
Ќе го заштитам МВР од манипулациите на Спасовски

Спа­сов­ски мо­же да во­ди ка­ква што са­ка кам­па­ња и мо­же да би­де ши­зо­фре­ни­чен во сво­јот од­нос, ед­наш да би­де ми­ни­стер, а друг пат да би­де ге­не­ра­лен се­кре­тар на СДСМ, но тоа е не­го­ва ра­бо­та и тоа е по­ли­тич­ка­та актив­ност што ја има. Во таа по­ли­тич­ка актив­ност, тој има од­нос са­мо со ме­не и тоа јав­но го ка­жу­вам би­деј­ќи јас во МВР не дој­дов за да се скри­јам зад про­фе­си­о­нал­ни­те служ­бе­ни­ци во МВР, ту­ку да за­ста­нам пред нив и да ги за­шти­там во од­нос на ма­ни­пу­ла­ци­и­те што ќе се оби­де Спа­сов­ски да ги пра­ви и кои ги ви­дов­ме ве­ќе на 29 сеп­тем­ври. За­тоа ве­лам,  јас сто­јам и пред си­те, и сѐ што има Спа­сов­ски да ка­же тре­ба да ми го ка­же на ме­не и да би­де на­со­че­но кон ме­не. Тие сит­ни игри што ги пра­ви по од­нос на пре­ме­сту­ва­ње­то, по од­нос на лич­ни ве­ту­ва­ња на не­кои лу­ѓе, тоа е не­гов ли­чен став и став на не­го­ва­та пар­ти­ја по од­нос на вр­бу­ва­ње лу­ѓе, што во мо­мен­тов не мо­же да се ре­а­ли­зи­ра и ќе би­де пре­кр­шу­ва­ње на за­ко­нот и не­ма да има прав­но дејс­тво, вели дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов во интервју за Република.


СДСМ го минира Пржино
Ме­сто ре­ше­ние, Катица ста­ну­ва из­вор на кри­за

Вле­гу­вај­ќи од гре­шка во гре­шка, ме­сто ре­ше­ние, Ка­ти­ца ста­ну­ва по­вод за про­дол­жу­ва­ње на кри­за­та. Два ме­се­ца до из­бо­ри, ко­га ко­неч­ни вла­ста и опо­зи­ци­ја­та за­ед­но со дип­ло­ма­ти­те пис­ме­но по­твр­ди­ја де­ка се ис­пол­не­ти си­те ус­ло­ви за пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, Ја­не­ва ин­си­сти­ра на но­ви за­кон­ски из­ме­ни и на но­ви ро­ко­ви за оправ­ду­ва­ње на сопс­тве­на­та не­ка­дар­ност. За по­тсе­ту­ва­ње, ла­ни, ко­га ја пре­зе­де функ­ци­ја­та, таа ре­че де­ка е свес­на за пре­диз­ви­кот и де­ка е спо­соб­на да ис­по­ра­ча ре­зул­та­ти во пред­ви­де­ни­те ро­ко­ви. Ду­ри се дрз­на да из­бр­ка од ти­мот две об­ви­ни­тел­ки со образ­ло­же­ние де­ка би­ле ви­шок, од­нос­но де­ка Об­ви­ни­телс­тво­то мо­же­ло ква­ли­тет­но да ја за­вр­ши ра­бо­та­та и без нив. Ло­ша про­це­на или евти­ни ла­ги?


Заев има нов „План за Македонија“
Реваншизам, двојазичност и целосна партизација

Ако по­бе­ди, СДСМ има нов „План за Ма­ке­до­ни­ја“. Што би по­мис­ли­ле ко­га не­кој би ви го ка­жал ова? Нај­ве­ро­јат­но де­ка де­тал­но ја исп­ла­ни­ра­ле дво­ја­зич­но­ста, ре­о­тво­ра­ње­то на Рам­ков­ни­от до­го­вор, ре­ван­шиз­мот и ил­јад­ни­ци­те сме­ни во си­те мож­ни ин­сти­ту­ции и де­ка из­веж­ба­ле нов на­чин на ви­тка­ње „кич­ма“ за про­ме­на на име­то за влез во ЕУ и во НАТО. А тоа да ти би­ла кам­па­ња­та (70 де­на пред из­бо­ри и по­раз), обе­ло­де­не­та на кон­гре­сот на СДСМ од кој нај­по­уч­на­та вест бе­ше де­ка Пав­ле Та­ја­нов и не­го­ви­от Де­мо­крат­ски со­јуз би­ле дес­ни­ца?! Ова, по­крај до­а­ѓа­ње­то на Цр­вен­ков­ски, бе­ше вест на де­нот, но и Пав­ле, ка­ко и Зо­ран, оста­на за­се­нет од до­а­ѓа­ње­то на Бран­ко.

 


Колумна, Горан Момироски
Кога агенциите ќе стивнат

Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од ре­тки­те зем­ји во све­тот ка­де што ин­сти­ту­тот за истра­жу­ва­ње на јав­но­то мис­ле­ње е до таа ме­ра ру­и­ни­ран што поч­наа да го из­бег­ну­ва­ат и пар­ти­и­те и аген­ци­и­те, кои по при­ро­да на не­шта­та тре­ба да го на­ра­чу­ва­ат, спро­ве­ду­ва­ат и об­ја­ву­ва­ат. По ка­та­стро­фал­ни­те ме­ре­ња на реј­тин­гот на пар­ти­и­те во 2011 го­ди­на ко­га, пред сѐ, дел од про­по­зи­ци­ски­те ин­сти­ту­ти, мар­ке­тин­шки­те аген­ции, еки­пи­те за ме­ре­ње реј­тинг це­лос­но ги ут­наа ре­зул­та­ти­те од гла­са­ње­то на гра­ѓа­ни­те и це­лос­но се по­сра­мо­ти­ја, оста­наа са­мо уште не­кол­ку „хра­бри“ истра­жу­ва­чи на јав­но­то мис­ле­ње кои јав­но сто­јат зад сво­ја­та ра­бо­та. При­чи­на­та за та­ква­та си­ту­а­ци­ја е ед­но­став­на. Пре­го­ле­мо­то по­ли­тич­ко вли­ја­ние и кро­е­ње­то на ре­зул­та­ти­те ја уни­шти­ја до­вер­ба­та во та­кви­те истра­жу­ва­ња. Точ­но е де­ка се­ка­де во све­тот со оваа ала­тка мо­же да се пра­ви сит­на ма­ни­пу­ла­ци­ја, од­нос­но со „осве­жу­ва­ње“ на ре­зул­та­ти­те да се сти­му­ли­ра­ат, да се охра­брат гла­са­чи­те пред из­бо­ри­те, но ко­га тоа се пра­ви над­вор од нај­го­ле­ма­та мож­на ста­ти­стич­ка гре­шка, ре­зул­та­тот е ка­та­стро­фа­лен и за аген­ци­и­те и за по­ли­тич­ки­те суб­је­кти што го пра­ват тоа.


Колумна, Никола Србов
Киднапирање на СДСМ или враќање на старите вредности?

На­стра­на три­ви­јал­ни­те кон­грес­ни фра­зи на ли­де­рот, ју­би­леј­ни­ов кон­грес на СДСМ кај ме­не отво­ри ди­ле­ма ко­ја ќе се оби­дам да си ја раз­јас­нам во про­дол­же­ние. Ди­ле­ма­та ми е да­ли пар­ти­ја­та е це­лос­но кид­на­пи­ра­на или е вра­те­на на неј­зи­ни­те ста­ри вред­но­сти, вред­но­сти во­ста­но­ве­ни пред се­дум­де­сет и ед­на го­ди­на, по­точ­но на 16.04.1945 го­ди­на? На кон­гре­сот ме­не најв­пе­чат­лив ми бе­ше сим­бо­лот-ло­го­то на­ме­не­то за на­ста­нот на За­ев, од та­му, всуш­ност, ми про­из­ле­гу­ва ди­ле­ма­та. Сим­бо­лот на СДСМ е жол­та пе­то­кра­ка со цр­ве­на ро­за, ко­ја пос­лед­ни­те го­ди­ни ја мо­ди­фи­ци­раа и вмет­наа стис­на­та ту­па­ни­ца. На кон­гре­сот сим­бо­лот на СДСМ бе­ше об­ви­ен со не­кол­ку по­го­ле­ми пе­то­кра­ки и тие беа ша­ре­ни. Од пар­ти­ја­та со­оп­шти­ја де­ка тоа би­ло во чест на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“. От­ту­ка про­из­ле­гу­ва и пра­ша­ње­то кој ко­го кон­тро­ли­ра. Да­ли СДСМ и де фа­кто ста­на ма­ри­о­не­та во ра­це­те на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“, ко­ја е ед­на од мно­гу­те ин­ста­ла­ции на Со­рос? Да­ли „ша­ре­ни­те ре­во­лу­ци­о­не­ри“ ја кид­на­пи­раа пар­ти­ја­та од членс­тво­то на СДСМ?


Колумна, Ацо Станковски
Маска

Ма­ска­та се­ко­гаш е дел од хтон­ски­те стра­те­гии на лу­ѓе­то, по­себ­но на оние кои ја при­ме­ну­ва­ат хи­по­кри­зи­ја­та ка­ко средс­тво за одре­де­ни опор­ту­ни­стич­ки деј­но­сти. Ре­чи­си не по­стои лич­ност што е иму­на на ши­зо­фре­ни­те со­стој­би, кои ги на­мет­ну­ва со­вре­ме­ни­от жи­вот со си­те свои пре­диз­ви­ци и за­ка­ни. Ма­ска­та е за­шти­та, таа е еко­но­ми­чен агенс во оп­штес­тво­то, кое се­ко­гаш дем­не и, до­кол­ку сте прем­но­гу отво­ре­ни и са­мо­то тоа на­ив­ни, на­бр­зо ќе за­вр­ши­те ка­ко плен на мнош­тво­то до­бро ма­ски­ра­ни пре­да­то­ри, кои дем­нат од се­ка­де, од си­те скри­е­ни зо­ни на за­ед­ни­ца­та.

Кол­ку сте, пак, по­го­ре во пи­ра­ми­дал­но стру­кту­ри­ра­на­та хи­е­рар­хи­ја на моќ и зна­че­ње во оп­штес­тво­то, тол­ку ма­ски­те ста­ну­ва­ат по­со­фи­сти­ци­ра­ни и пос­ло­же­ни. Ако сте чо­век со одре­ден авто­ри­тет, кој зра­чи со по­ли­тич­ка ха­риз­ма, про­из­ле­зе­на од по­зи­ци­ја­та во си­сте­мот, то­гаш мо­ра да се из­гра­ди ед­на мно­гу увер­ли­ва ма­ска, ко­ја ќе ги по­крие си­те не­до­ста­то­ци на ка­ра­кте­рот, кои мо­же да ве иском­про­ми­ти­ра­ат и да ве фр­лат во ужа­сот на без­на­чај­но­ста и ире­ле­вант­но­ста, но прет­ход­но да ве де­ма­ски­ра­ат, де­кон­стру­и­ра­ат и ма­са­кри­ра­ат.


Фељтон: Црните страници на УДБА
Елиминацијата на ВМРО по 1945 година

„Цр­ни­те стра­ни­ци на УД­БА“ е све­дош­тво за ед­но вре­ме, бур­но вре­ме. Пе­ри­од во кој би­ла су­пре­си­ра­на ка­ква би­ло мис­ла што из­ле­гу­ва­ла над­вор од „доз­во­ле­но­то“ мис­ле­ње на но­менк­ла­ту­ра­та на власт. Да­ли се ра­бо­те­ло за по­ли­тич­ко не­сог­ла­су­ва­ње на ле­во, или за тоа ка­ко се пра­кти­ку­ва­ла то­гаш­на­та иде­о­ло­ги­ја на КПЈ или, мно­гу по­че­сто за чи­ста ма­ке­дон­ска про­мис­ла, се­ед­но, си­те би­ле цел. И нај­го­лем дел од нив има­ле фор­ми­ра­ни до­си­е­ја од тај­на­та ју­гос­ло­вен­ска/ма­ке­дон­ска по­ли­ци­ја. Од тие до­си­е­ја по­доц­на се ва­де­ле ма­те­ри­ја­ли за про­гон, кој за­вр­шу­вал со по­ли­тич­ка, а че­сто и со фи­зич­ка ли­кви­да­ци­ја. Во­оп­што не би­ло бла­го­при­јат­но да се би­де не­и­сто­мис­ле­ник.

Оваа та­бу-те­ма се отво­ри по де­мо­кра­ти­за­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, од­нос­но по на­пу­шта­ње­то на Ју­гос­ла­ви­ја. Во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век сè пог­лас­но се го­во­ре­ше за зло­сторс­тва­та на УД­БА кон ма­ке­дон­ска­та про­мис­ла. Но, не­ма­ше по­кон­крет­на ак­ци­ја. Сè уште беа сил­ни ин­сти­ту­ци­о­нал­ни­те вкле­шту­ва­ња на­се­ка­де, кои ги бе­ше раз­вил апа­ра­ту­сот во пер­и­од по­долг од че­ти­ри де­це­нии.


 Двоглед
СЈО го отвори случајот „Тегла“

Спе­ци­јал­на­та Ја­не­ва де­не­ска со­оп­шти де­ка СЈО ја отво­ра истра­га­та во слу­ча­јот „Тег­ла“, кој, ка­ко и си­те слу­чаи до­се­га, е нас­ло­вен со збор кој за­поч­ну­ва на оми­ле­на­та бу­ква на Ја­не­ва, Т.

„Ко­неч­но ќе се, ќе се доз­нае ко­неч­но ка­ко овие ли­ца нај­бру­тал­но ги злоу.. зло­у­по­тре.. зло­у­по­тре-бу-ва-ле зна­чи сво­и­те род­нин­ски вр­ски за да ос­тва­рат лич­на при­до­би­вка во вид на ај­вар во тег­ли и зна­чи да ја­дат и ни­ко­му да не да­дат од ај­ва­рот, зна­чи“, из­ја­ви Ја­не­ва. „Си­те пи­пер­ки кои ги пе­че­ле со цел про­тив­пра­а­а­ав­но да се при­до­би­јат со ај­вар, исто та­ка, и за­ду­шу­ва­ле гра­ѓа­ни и зна­чи за ду­шев­на бол­ка зна­чи тре­ба да од­го­ва­ра­ат функ­ци­о­не­ри­те на вла­ста зна­чи“, до­да­де таа.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top