| четврток, 6 декември 2018 |

Како фотографирањето храна може да ви помогне во слабеењето

Стручните лица за проблеми со исхраната веќе некое време советуваат дека водењето дневник на исхрана може да ни помогне да следиме што се може да се изеде во еден ден. Сега мобилната апликација тоа го направи полесно за следење. На вас останува само да ја фотографирате храна, а апликацијата пресметува калории и ви помага да знаете што се сте изеле.
Апликацијата се вика „Lose It!”која вовела нова функција „Snap It!”. Функцијата овозможува да го фотогарфите она што го јадете, а таа ја пресметува нутритивната вредност и калориите.
Досегашните истражувања покажуваат дека обично мислиме дека јадеме помалку отколку што всушност јадеме. Апликацијата е корисна и поради тоа што ни помага да пресметаме точно колку дневно внесуваме храна.
Утврдено е дека скоро 73 отсто од луѓето кои ја користеле апликацијата постигнале значајни резултати во губење на тежината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top