| четврток, 6 декември 2018 |

Ураганот Метју досега однесе седум жртви

uragan

Седум лица ги загубија животите на Хаити и во Доминиканската Република во налетот на ураганот Метју, кој се очекува да ја погоди и Куба. Американскиот центар за следење урагани предупреди дека жариштето на ураганот се движи кон источните делови на Куба со брзина на ветрот од 220 километри на час.

Последниве неколку денови кубанските власти евакуираа над 300.000 граѓани од загрозените источни подрачја. Во земјата е прогласена и вонредна состојба. Пред да се упати кон Куба, Метју, ураган од четврти степен според Сафир­-Симпсоновата скала, предизвика смрт на најмалку три лица и голема материјална штета во Хаити.

Југот од земјата е целосно отсечен. Училиштата ќе останат затворени до понеделник, но претседателските и парламентарните избори закажани за в недела не се откажани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top