| четврток, 6 декември 2018 |

Хоророт на Кардашијан во Париз: И ги врзале нозете и рацете со лисици, па ја фрлиле во када

2kim

Најпознатата ријалити ѕвезда пред неколку дена беше нападната и ограбена во Париз кога непознати разбојници влегле во нејзината вила и ја ограбија. Како што признала и самата Ким Кардашијан, во тие моменти била преплашена и мислела дека ќе ја убијат или ќе ја силуваат.

Крадците откако минале незабележани покрај нејзиното обезбедување и влегеле во куќата, ја врзале Ким, по што и украле накит во вредност од коколу 10 милиони евра. Како што објави Дејли Мејл, постојат основани сомненија дека старлетата ја ограбиле членовите на криминалната група Пинк Пантер.

Во грабежот учествувале петмина напаѓачи кои го присилиле портирот да им отвори, кој во моментов е клучен сведок за случајот.

kim-kardasijan-foto-profimedia-1456609938-853095-49686

Кaко што пишуваат светските таблоиди, двајца мажи ја малтретирале Ким. И ги врзале рацете со лисици, нозете со лента, а и ја залепиле и устата по што ја оставиле во када. Старлетата ги молела за својот живот и врескала да ја пштедат и дека е мајка на две деца, пред да ја замолкнат на насилнички начин.

Крадците знаеле точно што бараат и кои парчиња се највредни, па од нејзината кутија за накит и го украле вереничкиот прстен вреден околу 4.5 милиони евра.

– Беше видно вознамирена и преплашена. Ова и беше најтешкиот момент во животот. Разговараше со полицијата, а потоа брзо го напушти Париз со приватен авион, раскажал извор близок до Ким.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top