| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто принцот Џорџ носи куси панталони и кога е студено?

Принцезата Кејт Мидлтон постојано го облекува својот син, принцот Џорџ, во куси панталони, а за тоа има специфична причина.

Имено, од британската традиција  припадниците на високите општествени сталежи, аристократијата и кралското семејство до одредена возраст синовите да ги облекуваат само во кратки панталони.

61248563

-Облекувањето на момчињата во куси панталони е голема англиска традиција. Долгите панталони се за постари момчиња и мачи, а кусите за дечиња – тоа е класен показател во Англија. Иако времињата полека се менуваат, сѐ уште се смета дека момче облечено во долги панталони изгледа пригрдаски и е показател за средниот сталеж, објаснува стручњакот за општествени етикети Вилијам Хансон.

61230831

Традицијата на куси панталони е видлива и низ минатото на британското кралско семејство. И принцезата Дијана ги облекувала своите синови Влилијам и Хари во куси панталони додека биле мали.

-Според обичајот, момчињата почнуваат да носат долги панталони на осум години. Тоа можеби има врска со обичајот од 16 век, кога момчињата од една и две години ги облекувале во фустанчиња (традиција која живее во крштавањето), а потоа почначе да носат облека која наликувала на куси и долги панталони, објаснува Хадсон и додава дека денеска ова е повеќе почитување на традицијата отколку искажување сталеж.

61230829

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top