Амбасадата на Сојузна Република Германија и ПроКредит Банка го прикажуваат 12. издание на Фестивалот на новиот германски филм.
Под мотото „Сакам филм“ ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции во десет македонски града.
Отворање на Фестивалот:
На 05.10.2016 во 19:00 часот во кино „Милениум“ од страна на Амбасадорката на Сојузна Република Германија, госпоѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер, и претставници на ПроКредит Банка со прием со коктел.
Почеток на филмот во 20:00 часот:
Прикажан ќе биде филмот: „Мед во главата“ од и со Тил Швајгер. Овој филм полн со срдечност ја тематизира Алцхајмеровата болест.
Стар маж, извонредна глума на Дитер Халерфорден, кој внуката (ќерката на Тил Швајгер, Ема) ќе го спаси да не го однесат во старечки дом. Добра забава за целото семејство која поттикнува на размислување.
Режисерот Тил Швајгер е истовремено најпопуларниот актер во Германија и успешен продуцент. Не постои друг актер кој во последно време привлекол повеќе гледачи во кино. Неговиот филм „Мед во главата“ со преку 7 милиони гледачи беше најуспешниот филм на годината во 2015.
Во рамки на филмскиот фестивал од 06. до 09.10.2016 ќе бидат прикажани уште девет други филмови во кино „Фросина“, МКЦ: комедии, драми, трилер, детски и семејни филмови.
Како и изминатите години, некои од филмовите ќе одат на турнеја уште низ девет други градови.
Почеток на турнејата: на 10.10.2016 во Куманово
Следат Прилеп, Битола, Охрид, Велес, Кавадарци, Тетово, Струмица и Штип.
Сите филмови може да се видат во оригинал на германски јазик со македонски поднаслови (во Тетово со албански).
Изборот покажува пресек на опширната германска кинематографија од последните две години, поддржана од јавни средства. Сите филмови имаат добиено награди и се наменети за публика над 12 години, а детските филмови над 6 години.
Филмовите нудат можност, Германија своите култура, историја и општество да ги претстави на широка публика. Тие се случуваат во Германија, но пораките се универзални и разбирливи за сите гледачи.
Се тематизираат разнообразни области на човековиот соживот, љубовта и проблемите во врските, семејството и пријателството, училиштето и пубертетот, староста, болеста и смртта. Тоа вреди да се види во драмата поврзана со Берлин „Викторија“, снимана во една единствена сцена.
Може да се видат политички и историски филмови:
Во политичкиот трилер „Лагите на победниците“ станува збор за моќта и беспомошноста на печатот.
Дури два филма го обработуваат германското минато по Втората светска војна – не се тоа часови по историја, туку играни филмови што воодушевуваат:
– „Државата против Фриц Бауер“ беше награден за најдобар игран филм во 2015 год.
– Филмот „Во лавиринтот на молчењето“ ја опишува почетната приказна на процесите во Аушвиц од 1965 година.
Германска банка претставува германски филмови по 12 пат. Секоја година се зголемува интересот за квалитетна германска продукција.
Фестивалот на новиот германски филм е најголемото достигнување во годината на културната програма на Германска амбасада во Скопје.
За понатамошни информации контактирајте ја Германската амбасада на 00389 2 3093 821 или -900.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.