Гулнара Каримова, ќерка на покојниот узбекистански диктатор Ислам Каримов, неговиот наследник ја смести во психијатриска установа, тврдат одредени извори.
Каримова(44) некогаш беше најбогата жена во поранешниот Советски сојуз, а во установата е сместена набрзо откако во септември оваа година почина нејзиниот татко, пишува Деили меил.
Образувана на Харвард и позната по движењето во високите кругови, некогашната поп ѕвезда беше гледана како наследничка на својот татко пред Шавкат Мирзијаев, кој го наследи Каримов, да се погрижи да биде изолирана и тргната настрана.
Иако веста дека таа е сместена во лудница не е потврдена, што и не чудно со оглед на тоа дека вестите од Узбекистан контролирано протекуваат во светските медиуми, на Фејсбук групата Здравје за Каримова осамна ваков статус: Од сигурни извори дознаваме дека Гулнара е сместена во болница за психички болни. Таа вест ни ја потврди висок претставник на владата.
Причина зошто Мирзијаев ја сместил Гулнара во лудница, тврдат упатените е едноставен, елиминирање на потенцијални ривали, иако е прашање колку убавата Каримова можела да биде закана за Мирзијаев.
Таа пред неколку години беше етикетирана како наследничка на диктаторот. Сепак ни татко и немал милост за неа. Поради корупција, но и разголените фотографии ја затворил и никој ја нема видено од август 2014 година.
Пред тоа живееела живот каков што многумина сонуваат. На врвот на кариерата била пејачка, манекенка, старлета, дипломат, а покрај сето тоа имала диплома од Харвард. Себеси се нарекувала егзотична убавица, а другите ја нарекувале узбекистанска принцеза.
Нејзниот пад почнал во 2013 година кога се појавиле фотографии на кои носи само пердуви од паун. Тоа го разбеснело нејзинот татко. После тоа уследиле обвиненија за корупција што ги погреба надежите дека ќе стане претседателка. Ништо не се знае нити за нејзината ќерка Иман(18), додека нејзиниот син живее без многу помпа во Англија без можност да контактира со мајка си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.