| четврток, 6 декември 2018 |

Узбекистан: Се очекува нов мандат на Каримов

89d7b4f311cd459ebf151ffa9fa2f231_18На Претседателските избори во Узбекистан одржани во неделата, изборна комисија објави 91 проценти излезност на изборите, со што актуелниот претседател Ислам Каримов сигурно ќе победи.

Каримов, кој раководи со земјата уште пред распаѓањето на Советскиот Сојуз, се соочи во неделата со тројца противкандидати од партиите во узбекистански парламентот, кои пак даваат отворена поддршка на неговото претседателствување.

Во кампањата која започна на 17 февруари, ниту еден од противкандидатите не ги повикаа гласачите да се одлучат за нив, наместо на Каримов. Тој пак ја истакна важноста на стабилноста во земјата која ја дели 137 километри долгата границата со разурнатиот од војна Авганистан. Узбекистан со својата местоположба е близок партнер на Русија и на Кина, а во исто време дава поддршка на воената операција предводена од САД во Авганистан.

People walk past an election poster of Uzbekistan's President and Presidential candidate Islam Karimov in Tashkent
За време на неговото појавување пред мала група избирачи во главниот град Ташкент, во средата, Каримов изјави дека „ќе има хаос во општеството“ без „силна влада“, додавајќи дека „ќе дојде време“ за поголеми слободи во Узбекистан. Неговите ставови беа потврдени од страна на другите тројца противкандидати.

Акмал Саидов кандидат на Демократската национална преродба партија, се соочи со Каримов и на последните претседателски избори во 2007 година, но освои помалку од три проценти од гласовите додека Каримов зазеде околу 90 проценти. Хотамјон Кетмонов претседателот на Демократската народна партија и Нариман Умаров, кој ја предводи Социјалдемократската партија на Узбекистан Адолат (правда), се другите двајца кандидати во гласачкото ливче.

Според руските новински агенции, повикувајќи се на узбекистанската Централната изборна комисија, изјлезноста на гласачите била 91 проценти. Резултатите ќе бидат објавени во понеделник. Агенцијата АФП пренесува ставот на еден 63 годишен гласач, механичар по професија, кој оценил дека избегнувањето на периодичните немири во соседните Киргистан и Таџикистан, како и кризните состојби во Украина биле причината да гласа за Каримов.

-Ние не сме имале такви лоши работи благодарение на Каримов, а не сакаме тоа да ни се случи ниту во иднината- пренесе АФП.

Агенцијата пренесе и став на 18 годишна студентка која за прв пат гласа, а која посочила дека гласала за Каримов бидејќи е задоволна од „она што тој го прави за младите“.

Узбекистанците гласаа и во дипломатски претставништва во странство, вклучително и во Русија, каде што најмалку два милиони Узбеците работат како што работниците мигранти, според руската Федерална служба за миграција.

Повеќе од 300 меѓународни набљудувачи од 43 различни земји ги набљудуваа изборите. Се очекува со оценка за процесот да излезе и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Изборни анкети се забранети со закон во Узбекистан. Со претседателскоите избори завршува политичкиот циклус во земјата со повеќе од 30 милиони луѓе, по парламентарните избори кои се одржаа во декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top