| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен влез за најмладите на натпреварите на фудбалските репрезентации на Македонија

ФФМ за најмладите овозможи бесплатен влез на арената „Филип Втори“ за натпреварите Македонија - Израел, Македонија - Италија и Македонија - Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија за најмладите овозможи бесплатен влез на Националната арена „Филип Втори“ за натпреварите Македонија – Израел, Македонија – Италија и Македонија (21) – Шкотска (21).
– За сите нас спортот, фудбалот и македонската репрезентација треба да биде заедништво. Од мали нозе се обидуваме да им наметнеме навика на најмладите дека спортот обединува, носи радост и единствено доживување. Фудбалската федерација на Македонија е еден од пионерите во европски рамки кога е во прашање поддршката на социјалните институции, придружбата на лицата со инвалидитет и овозможувањето децата и младите директно да бидат вклучени на натпреварите. Дел од овие деца живеат за еднаквост и рамноправност, а преку топката, фудбалот и дружењето уште повеќе ќе придонесеме кон развој на толеранцијата и разбирањето, вели претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Сениорите утре го пречекуваат Израел, в недела Италија, додека младинците во вторник се среќаваат со Шкотска.

Сите натпревари ќе се играат на Националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20 часот и 45 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top