| четврток, 6 декември 2018 |

Убава вест за посилниот пол – познатата пејачка Туна повторно е сингл!

%d1%82%d1%83%d0%bd%d0%b0

Туна Сејдиу која македонската јавност ја запозна преку учеството во музичкото шоу “М2” повторно е сингл!

Имено, познатата пејачка која е доста актуелна во Косово и Албанија решила да стави крај на љубовта со раперот Козман со кој беше заедно неколку години, а причината за разделбата е непозната, со оглед на тоа што парот не сака да коментира за нивниот приватен живот. Освен љубовната врска, двоецот ја прекинал и професионалната соработка, па така веќе не настапуваат заедно, а Туна на своите настапи избегнува и да ги изведува заедничките теми како што е синглот “Феникс” кој важи за голем хит и има над 30 милиони прегледи на Јутјуб.

Инаку, Туна важи за една од најексцентричните пејачки на овие простори и честопати експериментира со стилот, а две години по ред беше дел и од жирито во албанското музичко шоу “Икс Фактор”, а минатата година триумфираше и во албанската верзија од шоуто “Танц со ѕвездите”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top