| четврток, 6 декември 2018 |

Таа е ќерка на македонски имигрант, а сега е милијардерка според Форбс!

%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd

Маријан Илиќ според податоците на Форбс од октомври 2016 година се наоѓа на 88 место на листата светски милијардери. Таа е на 6 место како жена која самостојно го стекнала богатството. Тоа е за три места подобро во однос на претходната година.

Маријан Бејоф Илиќ, е родена на 7 јануари 1933 година во Детроит како ќерка на македонски имигранти.

Својот иден маж, Мајк Илиќ, момче со македоенско потекло, го запознала на 17 години. Година дена подоцна се венчале и заедно имаат седум деца. За својот успех, покрај трудот и упорноста, Маријен вели дека е заслужен токму различниот карактер на сопругот.

Маријен отсекогаш вредно работела. Таа многу рано, само со десет години почнала да работи во ресторанот на татко и. Одела на државниот Дирборн колеџ на кој стекнала диплома за либерални уметности.

Првата сериозна работа ја добила во Делта ерлајнс, пред да се омажи за Мајкл Илиќ. До раѓањето на третото дете била домаќнка, а тогаш го отворила првиот ресторан. Брзото напредување во работата и раст на профитот овозможил да вмеша прсти и во други работи, како што е дистрибуција на храна, развој на недвижнини и работа со коцкарници. Нејзиниот напредок трае до денеска. Богатството на ова семејство денекса се проценува на 2,4 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top