Kaтерина Андерсен на своите 20 години е една од најмладите милијардерки. Заедно со својата сестра Александра (19), годинава заврши на Форбсовата листа на најбогатите луѓе на светот. Сестрите во 2007 година наследија 1,2 милијарди долари удел во семејната компанија „Ферд холдингс“, една од најголемите норвешки фирми.
Катерина вели дека сега воопшто не и е лесно. Таа не крие дека го обожава својот раскошен живот и нејзиниот луксузен дом, посебно откако се запиша на Универзитетот во Амстердам и сега мора да живее во студентски дом.
На социјалните мрежи се пожали дека во оваа соба нема место за нејзините чевли и чанти, а многу и недостига и нејзината уметничка колекција.
Ианку, Катерина има 2.500 следачи на „Инстаграм“ каде споделува фотографии од својот луксузен живот. Таа носи скапи облеки, одмара на егзотични локации, и е дел од џет-сетот на Осло.
Таа е во врска со моделот и актер Мадс Мадсен.
Нејзината сестра Александра, прогласена за најмладата милијардерка на светот, е професионален дресер на коњи.
За разлика од Катерина, таа своето место го пронајде во Германија меѓу своите коњи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.