За пролетта 2017 година креативниот директор на „Гучи“ Алесандро Микеле ја продолжи традицијата на драматични, неверојатно обработени и извезени парчиња. Андрогени костуми, предимензионирани кардигани и пуфкасти ракави станаа синоним за „Гучи“.
Првиот ден на Миланската модна недела не можеше подобро да почне. Новитети за оваа сезона се светките и поетските парчиња.
Зборот „љубов“ се провлекува низ неколку парчиња од колекцијата – од пантолони до елеци и кристални украси за раце.
Микеле соработувал со илустраторот Џејд Фиш и заеднички создале неколку уникатни модели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.