| четврток, 6 декември 2018 |

Ригобер Сонг излезе од кома

rigobert-song

Фудбалската легенда на Камерун, Рогобер Сонг (40), повеќе не е во кома, но неговата здравствена состојба се уште е тешка по претрпениот мозочен удар.

Сонг, во понеделникот, доживеа мозочен удар, а како што соопштил директорот на Централната болница во Јуанде, тој почнал да дише самостојно, но мора да биде префрлен во Франција за да добие специјализиран медицински третман.

Поранешниот фудбалер на Мец, Салернитана, Келн, Ливерпул, Вест Хем, Галатасарај и Трабзон, од 2015 година работи како селектор на репрезентацијата на ЧАД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top