| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: ОН е товар за човештвото

erdogan

ОН е „товар за човештвото“ поради неправедната структура и механизмите што ги употребува за донесување одлуки, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. ­

– Советот за безбедност на ОН е создаден за да ги гарантира човековите права и да ги отстрани неправедностите, но денес тој не е „наклонет“ кон исполнувањето на тие цели, истакна Ердоган.

Турскиот претседател исто така ги критикуваше САД дека ја одолговлекуваат екстрадицијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвини за обидот за преврат на 15 јули. ­

–  Ние не чекаме пресуда секој пат кога САД ќе побараат од нас некој терорист, не не го гледам истиот однос од нашиот партнер, нагласи Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top