| четврток, 6 декември 2018 |

Џикиќ: МЗТ има состав со силни индивидуалци

Српскиот клуб Партизан денеска од 17 часот му гостува на МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“, во второто коло од АБА – лигата. Тренерот на Партизан и поранешен селектор на македонската сениорска репрезентација, Александар Џикиќ, испрати пофални зборови за „металците“, потенцирајќи дека очекува тежок натпревар, во кој и двата тима влегуваат со идентични проблеми.

– Ќе се обидеме подобро да ја контролираме таа нивна внатрешна игра, особено на Лалиќ и на Мејси. Во одбраната веќе во првото коло покажаа дека против нив треба да се игра со висока концентрација. МЗТ го промени својот состав за разлика од минатата сезона, имаат нов тренер, почеток е на сезоната и сигурно дека ги имаме истите проблеми. Не очекува тежок натпревар против екипа која е опасна во рекетот и имаат неколку играчи кои можат сами да го решат победникот – истакна Џикиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top