| четврток, 6 декември 2018 |

Американска инвестиција: Македонија ќе произведува оружје и муниција за НАТО

Фабрика за производство на оружје и муниција за потребите на земјите членки на НАТО алијансата е новата инвестиција која денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски ја најави на „ТВ Нова“

– Фабриката ќе започне со работа во јули следната година. Во првата фаза од работењето ќе се произведува муниција, а неколку месеци подоцна и повеќе видови на оружје. Оваа фабрика ќе биде направена целосно според стандардите на НАТО – истакна Јолевски.

Тој додаде дека со ова Македонија ќе стане моќен производител на оружје.

– Се работи за американски инвеститор. Мошне значајно е да се напомене дека производството од фабриката ќе биде наменето целосно за извоз во земјите-членки на НАТО алијансата – соопшти Јолевски и додаде дека инвеститорот понатаму ќе инвестира и во други видови производство во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top